Елмас може да остане во Италија и тоа во Јувентус!

by Стефан
1 минути читање

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас би можел и наредната сезона да игра Серија А, иако по завршувањето на позајмицата се врати во редовите на Лајпциг.

Според најновите информации од Италија, германскиот клуб не смета сериозно на услугите на Елмас, па неговото заминување во текот на летниот преоден рок е реална опција. Како следна можна дестинација се споменува Јувентус.

Италијанскиот новинар Џанлука Ди Марцио објави дека тренерот Лучано Спалети лично го предложил Елмас како засилување за „старата дама“. Двајцата успешно соработуваа во Наполи, па сега искусниот стратег сака одново да соработува со македонскиот репрезентативец.

Покрај Наполи, Елмас во Италија настапуваше и во градскиот ривал на Јувентус, екипата на Торино.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×