Елмас: Многу ми е убаво во Торино, но не знам дали ќе останам!

by riste
1 минути читање

Македонскиот фудбалер, Елиф Еламас не знае дали во наредната сезона ќе настапува за Торино, Лајпциг или можеби некој трет клуб.

Елмас вчера имаше емотивно враќање во Неапол каде го освои Скудетото.

„Тука освоив Скудето и Купот на Италија. Убаво е повторно да се биде во Неапол. Како и тогаш и сега во Наполи има одлични играчи и тренери. Има уште четири кола до крајот, ќе видиме што ќе се случи“, изјави Елмас.

Тој е среќен во Торино, но не знае дали ќе остане во клубот.

„Многу ми е убаво овде, имаме квалитетни играчи и силен тренер. Сепак, рано е да зборувам за тоа. „Се трудам секогаш да давам максимум. Одиме натпревар по натпревар, а за останатото одлучуваат претседателите на Торино и Лајпциг“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани