Играчите кои важеа за столбови на тимот си заминаа, Калиду Кулибали, Лоренцо Инсиње и Дрис Мертенс, а на пат да си оди е и Фабијан Руиз кој е пред потпис со ПСЖ.
Тоа се четворица клучни играчи, па многумина го отпишаа Наполи и од битката за топ 4, а не па од таа за Скудето. Но, првиот меч дава впечаток дека тимот може да се бори за највисок пласман.
„Нормално е да има промени, многу големи играчи си заминаа кои беа тука со години. Тие заминаа и нас ни ја оставија одговорноста. Веќе од самиот почеток се чувствува таа одговорност, почнувајќи од новиот капитен Ди Лоренцо. Тука се и новите играчи кои ќе ни помогнат да имаме уште една добра сезона. Минатата беше извонредна сезона, се надевам дека и оваа ќе биде одлична“, изјави Елмас.
Македонскиот репрезентативец како резерва стартуваше во новата сезона, ги одигра последните 25 минути од мечот со Верона.