Елмас максимално ја користи повредата на Кварацхелија, нашиот фудбалер сега добива поголема минутажа, почесто е стартер и покажува дека Наполи не губи ни малку со тоа што Грузиецот е отсутен.
На денешниот меч против Удинезе, Елмас даде гол и имаше одлична асистенција, ги одигра сите 90 минути.
„Имавме одличен натпревар. Постигнавме брзо два гола, потоа дојде и третиот. Последните минути малку бевме исплатешни, но покажавме карактер и ги освоивме овие три важни бода“, вели Елмас.
„Отсекогаш се обидувам да го давам максимумот, и на мечевите и на тренинзите. Секогаш верувам во себе и тренирам добро и го чекам моментот“.
„И минатата сезона имавме многу добар тим, но беше тешко, не знам како да кажам. Сега сме обединети, како фамилија сме, се обидуваме да играме добро, тие кои играат секогаш се обидуваат да играат најдобро без разлика колку време играат на теренот. Нема некоја разлика, но можеби има повеќе карактер кај младите играчи. Не смееме да заборавиме дека и во минатата сезона имавме големи шампиони во составот“.
„Не, не, во соблекувалната уште не зборуваме за Скудетото. Треба да играме добро на теренот, да го слушаме тренерот што ни кажува. Ништо повеќе“.
Елмас беше прашан и за конкуренцијата со Кварацхелија.
„Кога има конкуренција, двајцата стануваме подобри и се надеваме дека секогаш ќе играме добро за клубот и за нашите фанови“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.