Елмас ќе биде „лажната деветка“ на Наполи против Милан?

by
1 минути читање

Виктор Осимен и Џобани Симеоне се повредени, а комплетно фит не е ниту Џакомо Распадори, тој е неизвесен, па Спалети веројатно ќе мора да импровизира во нападот.

Се пишува дека на тренинзите Спалети ги проверува Елмас и Кварацхелија како лажни деветки, еден од нив ќе игра на оваа позиција.

Македонскиот репрезентативец е играч кој може да настапува на различни позиции, па очекувањата се дека тој ќе го почне мечот против Милан како шпиц.

Сепак постои веројатност и Распадори доколку добие зелено светло од докторите да игра како напаѓач.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани