Елмас изнуди и погоди пенал, Наполи ја победи Сампдорија! (ВИДЕО)

by
1 минути читање

По поразот од Интер, Наполи им се врати на победите, а еден од клучните на теренот беше нашиот Елиф Елмас кој доби шанса од првата минута.

Натпреварот не почна најдобро за Наполи, во 6. минута Политано промаши пенал. Но веќе во 19. минута Виктор Осимен го отвори резултатот.

Во 39. минута работите за Сампдорија нагло се влошија откако Ринкон доби директен црвен картон.

Наполи долго се мачеше да постигне втор гол и да го реши прашањето за победникот. Тоа конечно го направи Елмас.

На десетина минути пред крајот, Елмас изнуди пенал, а потоа со одличен шут го реализираше и ги постави конечните 2-0.

Во 87. минута Елмас беше изваден од игра.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×