Елмас го одигра последниот натпревар за Наполи!

by riste
1 минути читање

Наполи со 1-0 го победи Удинезе во меч од последното коло во Серија А, а ова значеше и последен натпревар за Елиф Елмас во синиот дрес.

Наполи го доби мечот со гол на Хојлунд во 24. минута од натпреварот.

Елмас ги одигра сите 90 минути за домаќините, а изгледа тие ќе бидат и последени за него во овој тим.

Тој е играч на Лајпциг, а Наполи нема намера да ја плати сумата која ја бара германскиот клуб за целосен откуп на македонскиот фудбалер.

Ова ќе биде уште едно лето за трансфер на Елмас, ќе видиме која ќе биде неговата следна дестинација.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×