На последните два меча за Наполи, Елмас постигнуваше гол, особено убав беше погодокот против Парма при кој македонскиот фудбалер имаше одличен соло пробив. Па наполитанските медиуми му направија интервју на Виктор Треневски за да го прашаат нешто подлабоко за Елмас.
„Мислам дека Елмас ќе биде еден од најдобрите фудбалери во историјата на македонскиот фудбал заедно со Дарко Панчев и Горан Пандев. Тоа го велам од пред пет години. Елиф е причината поради која прифатив да бидам тренер на Работнички“, вели Треневски.
„Не знам како Елмас се однесува сега во Наполи, но се сеќавам во Работнички го даваше најдоброто на тренинзите. Ако му речевте да направи пет тренинзи во еден ден, ќе ги направеше. Тој е момче кое е посветено, со карактер, но исто така поврзан е и со својата фамилија, едуциран е“.
„Елмас е разновиден фудбалер, има одлична техника. Треба да се подобри во завршницата на акциите, во шутот. Но многу зависи и од тоа каде игра. Елиф може да игра на повеќе позиции во средниот ред, но мислам дека е најдобар кога е поблиску до голот“.
„Елмас ме потсетува на мешавина од Савичевиќ, Хамшик и Сон“.
„Досега сум ги добил сите опклади ставени на Елмас, отсекогаш сум верувал во него. Очекувам да експолодира на Европското првенство“.
„Голот кој го даде против Парма ме потсети на Пандев. Потребно е тренерот и соиграчите да имаат верба во Елмас. Немам зборувано со него, бидејќи сега не сум му потребен, но понекогаш разговарам со татко му“.