562
По триумфот над Специја во Купот на Италија, денеска Наполи ја победи Парма со 2-0. И на овој меч како и на претходниот, Елиф Елмас беше стрелец на погодок.
Елмас доби шанса од првата минута и ја искористи. Тој постигна прекрасен гол во 32. минута за водство на Наполи од 1-0.
Македонскиот репрезентативец на теренот се задржа до 77. минута кога на негово место влезе Хисај.
Пет минути подоцна Политано постигна погодок и ги постави конечните 2-0.