193
Лапо Елкан е дел од фамилијата Ањели која го води Јувентус. Тој официјално нема позиција во клубот, но е огромен фан, има почесно место на стадионот, а и тетоважа од клубот.
По вчерашната блескава партија на Милан во Неапол, Лапо Елкан изјави дека сака Јувентус да игра како росонерите.
„Видов како Милан доминираше во Неапол, беа господари на теренот и топката, би сакал да го видам мојот Јувентус како игра така“, напиша Лапо Елкан.
Ho visto il Milan dominare a Napoli padrone del campo e del pallone così vorrei vedere giocare la mia Juventus .
— Lapo Elkann (@lapoelkann_) April 3, 2023
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.