Елиминации за Ал Наср на Роналдо и Интер Мајами на Меси во континенталните натпреварувања!

by 24 фудбал
1 минути читање

Во иста вечер паднаа тимовите на двата светски великани кои ја одбележаа оваа ера на фудбалот.

Кристијано Роналдо и Ал Наср загубија 2-3 од екипата на Кавасаки од Јапонија и беа елиминирани од Лигата на шампионите во Азија. Јапонскиот колектив отвори одлично и поведе по десет минути во Ријад преку Ито. Израмнување донесе Садио Мане, меѓутоа до полувремето Озеки ја врати гостинската предност. Во продолжението Кавасаки стигна и до 1-3 преку Иеанага, а поразот го ублажи Јахја во завршницата.

Головите од натпреварот погледнете ги на ОВОЈ линк

Интер Мајами го загуби двомечот во Купот на шампиони на КОНКАКАФ од екипата на Ванкувер Вајткепс. Реваншот Канаѓаните го добија со 1-3, додека во првиот меч дома славеа со 2-0. Иако Интер Мајами поведе преку Џорди Алба, а потоа на сцена стапија гостите кои преку Вајт, Вите и Берхалтер стигнаа до пресврт и победа.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани