Еланга не е повреден од коментарите на Роналдо за младите фудбалери, и објасни какво значење има Португалецот за него

by
1 минути читање

Во интервјуто на Пирс Морган, Роналдо ги искритикува денешните млади фудбалери, не само во Манчестер јунајтед, туку општо во денешниот фудбал. Тој велеше дека младите играчи не се фокусирани доволно на работата и немаат почит за постарите како што тоа било порано.

Еланга вели дека комплетно го разбира Роналдо и се согласува со него.

„Кристијано зборуваше за младите фудбалери општо. Ние сме нова генерација. Јас секогаш сум 100 проценти фокусиран на тоа што го правам, но морам да го разберам тоа што го зборува. Има многу телефони и многу технологија, многу е лесно за млад фудбалер да му биде одвлечено вниманието и да го загуби фокусот. Младите фудбалери во Манчестер јунајтед слушаат, но го разбирам Роналдо“, вели Еланга.

„Кристијано ми значи многу, не сум го променил мислењето за него. Тој ми помагаше и на теренот и надвор од него. Тој е инспирација, не само за мене, туку за сите млади во клубот. Понекогаш останувавме само јас и тој во теретаната“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×