Ел Шарави потпишува за клуб во кој ќе заработува десет милиони евра по сезона

by Стефан
1 минути читање

Искусниот италијански напаѓач Стефан Ел Шарави е пред ново поглавје во кариерата, откако по истекот на договорот со Рома ќе се пресели во Саудиска Арабија.

Раководството на римскиот клуб не му понуди нов договор по завршувањето на соработката на 30 јуни, па Ел Шарави како слободен играч брзо пронајде нов ангажман.

Според информациите на „Газета дело Спорт“ и други италијански медиуми, 32-годишниот офанзивец веќе постигнал договор со Ал Шабаб. Двете страни се договориле за двегодишна соработка, а италијанскиот фудбалер ќе инкасира околу 10 милиони евра по сезона, што претставува значително повисока заработка во однос на онаа што ја имаше во Рома.

Ел Шарави зад себе остава богата трага во дресот на „волчицата“, за која во двата престои одигра вкупно 348 натпревари во сите натпреварувања и постигна 66 голови. Во текот на својата кариера настапуваше и за Џенова, Милан, Монако, како и за кинескиот Шангај Шенхуа.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×