Ел Шарави во 90. минута донесе победа за Рома против Монца, Мурињо доби црвен картон! (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Во 41. минута Дамброзио заработи втор жолт картон, веројатно престрого беше исклучен, Монца остана со фудбалер помалку.

Рома се обидуваше да даде гол, но гостите одлично се бранеа и покрај тоа што играа 10 фудбалери. 

Во тие моменти и среќата не беше со Рома бидејќи двапати ја погодија стативата. Еднаш лукаку и еднаш Азмун.

Но, среќата им се насмеа на крајот во 90. минута Ел Шарави најдобро се снајде во шеснаесетникот, постигна гол за ерупција на Олимпико и победа на Рома од 1-0.

Во судиското продолжение Мурињо доби црвен картон поради еден дуел со тренерот на Монца.

Во следното коло Рома му гостува на Интер, а тоа значи дека Жозе Мурињо нема да ги води фудбалерите против својот поранешен клуб.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

×