Сегундо Кастиљо, тренерот на еквадорска Барселона е вистински хит, но не поради резултатите, туку поради својот впечатлив моден стил. Камерите го уловија со нова креација на натпреварот од Копа Либертадорес против Ривер Плата, одигран во Гвајакил, каде што Барселона загуби со 2:3 во четвртото коло.
Кастиљо се појави во одело со впечатлив принт, со сериозен израз на лицето и раката во џеб, што веднаш привлече внимание. Но тоа не е ништо ново за него — уште во второто коло, на гостувањето токму кај Ривер, блесна со розево одело со црни детали и лептир-машна, комбинација која исто така беше предмет на бројни коментари.
На прашањето зошто толку внимание посветува на изгледот, Кастиљо кратко одговори: „Мора да знаеме дека стоиме пред Барселона и треба да го претставуваме клубот онака како што заслужува.“
Кастиљо ја започна својата самостојна тренерска кариера оваа сезона и засега му оди одлично — Барселона е лидер во домашниот шампионат по шест кола, а во Копа Либертадорес, откако мина две преткола, избори место во групната фаза и има победа и реми по првите две средби. Но, регионален хит не стана поради тактиките, туку поради елеганцијата.
Segundo Castillo Puro Chocolate no jogo da Libertadores entre Barcelona e River Plate
byu/lccccccccccs infutebol