338
26 годишниот
Марко Симоновски донесе триумф за својата екипа каде премина во јануарскиот
преоден рок, Сепси, во дуелот на домашен терен против Газ Метан Медиаш во плеј-аут
рундата во романскиот шампионат во битката за опстанок во елитното друштво.
Симоновски во 90.
минута од средбата погоди за 2-1 и донесе исклучително важни три бода за Сепси
кој со оваа победа се издвои на три бода предност во однос на позициите кои водат
во понискиот ранг.
Ова беше втор гол
за нашиот напаѓач по оној против Јувентус Букурешт во победата на Сепси од 0-2.