Американецот, чиј
родители се од Хаити, во 2006 станал дел од школата на Каљари, каде поминал пет
години. Во САД и светот е актуелна темата за расизам по смртта на Џорџ Флојд,
па Фафа Пиколт реши да ја раскаже својата приказна.
„Има различни
форми на расизам. Сум бил навредуван на најразлични начини, во различни
соблекувални и стадиони. Кога се преселив во Италија имав 16 години, и веќе со
17 години почнав да тренирам со првиот тим“ – вели Пиколт.
„Одработува
тренинзи со првиот тим и потоа се враќав во резервниот тим, за кој играв. Тренерот
кој го имав тогаш во резервниот тим, веројатно беше еден од најлошите луѓе кои
сум ги сретнал“.
„Секој ден ме
навредуваше, ме нарекуваше мајмун, ми кажуваше дека треба да се вратам во
џунглата во Африка, дека црнците немаат техника, дека сум само брз, да трчам и
дека ме купиле само за да трчам“.
„Тој не ме
донесе, ме донесе претседателот“.
Сепак,
поранешниот тренер на Примавера тимот на Каљари, Џорџо Мелис категорино ги
негираше овие обвинувања.
„Сигурно не мисли
на мене. Категорично негирам се. Јас го
избрав од академијата од Мајами и никогаш не сум покажал непочитување кон
некого. Зборуваше дека на шкафчето му лепеле стикери со мајмуни, но се помешал
нешто, немаше шкафчиња во соблекувалните во Асемини. И не само тоа, никогаш не
сум толерирал расистичко однесување, дури и кога други се однесувале така.
Забранивме тетоважи и обетки, а камо ли да дозволиме расистички напади. Ми се ежи
кожата од самата помисла“ – вели Џорџо Мелис.