Ефикасно попладне во ПМФЛ: Арсими режираше луд пресврт во Кавадарци!

by Стефан
1 минути читање

Ефикасен почеток на 10. коло во Првата македонска фудбалска лига и во двата денешни натпревари беа постигнати дури 12 гола, а радост за своите навивачи донесоа Башкими и Арсими.

Кумановци ја оправдаа фаворитската улога на домашен терен совладувајќи го Шкупи со убедливи 4-1. Башкими го отвори мечот во силно темпо и за само половина час веќе имаше водство од два гола. Прво прецизен беше Алексовски во 10. минута, а потоа Симовски во 26. минута ја зголеми предноста. Гостите намалија во финишот на првиот дел, но само неколку минути подоцна нивниот поранешен фудбалер, Аворнио стрелаше за 3-1.

Во второто полувреме Башкими играше рутински, а точка на триумфот стави Хаџиќ со погодок за конечни 4-1.

Во Кавадарци, пак, публиката сведочеше на вистински трилер. Тиквеш имаше водство од 3-1, но на крај остана празни раце, Арсими направи неверојатен пресврт и славеше со 4-3.

Домашните започнаа одлично, и со двата гола на Садик по првиот дел водеа со 2-0. Гостите намалија на стартот на вториот дел преку Шефити, но Ивановски со ефектен гол во 54. минута донесе ново водство од два гола за Тиквеш.

Кога сите очекуваа мирен финиш, следеше шок за домашната публика, Шефити во 84. и 87. минута комплетираше хет-трик за израмнување, а во судиското продолжение Таипи донесе целосен пресврт и голема победа за Арсими.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×