Францускиот офанзивец Рајан Шерки кој неодамна пристигна во редовите на Манчестер сити не крие дека со нетрпение го очекува градското дерби со Манчестер јунајтед и тоа поради елиминацијата која ја доживеал во Лигата на Европа во изминатата сезона.
Минатата сезона, во драматичното четвртфинале меѓу Лион и Јунајтед, Шерки постигна гол за водство од 5-4, но неговиот тим на крајот беше елиминиран со вкупни 7-6.
„Не ми се допадна што Јунајтед победи, бидејќи јас сум Лав, фудбалер на Лион. Сега сум тука и едвај чекам да ги „уништам“ на теренот“, изјави храбро новото засилување на Сити.
Тренерот Пеп Гвардиола го гледа Шерки како можна долгорочна замена за Кевин де Брујне. Младиот Французин може да игра како „десетка“ или на десното крило, а со неговото пристигнување се отвораат нови опции во играта на шампионот.
„Не сум Де Брујне, тој е легенда. Јас сум тука да му помогнам на тимот и одам натпревар по натпревар. Разговарав со Пеп за мојата улога, подготвен сум да играм каде што е потребно“, порача Шерки.
Она што посебно му се допаднало е слободата која ја добил од Гвардиола:
„Пеп ми кажа: Кога си со топката, си слободен.“ Тоа ми одговара совршено, играта со топка ми е најголема предност“, смета Французинот.
Пред себе Шерки имал бројни понуди, меѓутоа се одлучил за Манчестер јунајтед поради проектот и големината на клубот.
„Кога разговарав со Пеп, беше јасен – за системот, клубот, градот… Сакам да победувам, а Сити сака да освои сè. Тоа е она што го барам.
Не крие и дека сонува да ја освои „Златната топка“.
„Кога ќе видите дека Родри тука ја освои Златната топка, станува јасно дека со Сити сè е можно. Затоа сум тука – порача Шерки полн со самодоверба.