Иднината на
Килијан Мбапе одново е топ тема, голем број на извори пренесуваат дека Фрацузинот
е разочаран од раководството на ПСЖ и побарал да замине, по можност уште во
јануари.
Напаѓачот во мај
стави потпис на нов договор, но по само неколку месеци почнал да жали за оваа одлуката
поради неисполнетите ветувања.
Се говори дека
еден од условите кои Килијан Мбапе ги поставил за новиот договор е да биде неоспорен
лидер на новиот проект, и да биде над сите други играчи. Првиот човек на
клубот, Насер Ал Кеалифи му порачал дека имаат 500 милиони евра за да се
ослободат од Нејмар и Лео Меси доколку тој тоа го побара, и доколку ова е
неопходно за тој да остане.
Килијан Мбапе немал
ништо против тоа Лео Меси да продолжи, но побарал Нејмар да замине од Париз.
Но Бразилецот не
само што одби да прифати трансфер, на 1. јули ја искорити клаузулата за продолжување
на соработката до 2027 година, и тука почнале првите проблеми со Килијан Мбапе.
ПСЖ во следните
месеци продолжи да бара купец за Бразилецот, но никој од клубовите посериозно
не загриза за трансфер. Едностран раскин на договорот беше опција, но
„светците“ се преиспитале за еден ваков чекор, им станало јасно дека ќе имаат
големи проблеми со финансискиот фер-плеј, па на крајот го прекршиле даденото
ветување до Килијан Мбапе.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.