Едно невнимание на Луиз скапо чинеше, Арсенал од готово вересија и прв пораз по месец ипол (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Крај на серијата
на Арсенал,  избраниците на Микел Артета вечерва
против Вулвехемтон направија од готово вересија за прв пораз по месец ипол.

„Топчиите“ беа
подобар противник во првиот дел, креираа неколку добри шанси и поведоа со голот
на Пепе. И наместо да заминат на пуза со предност, во последните секунди од
првиот дел, Давид Луиз направи пенал и доби црвен картон.

Рубен Невеш погоди
од белата точка за 1-1, а на стартот од второто полувреме, „волците“ преку Жоао
Мутињо направија комплетен пресврт и поведоа со 2-1.

Во продолжението
од мечот, црвен картон доби и голманот Бернд Лено, па гостите со девет играчи на
теренот не можеа да сторат ништо.

На вториот
денешен натпревар од 19 часот, Шефилд јунајтед со пресврт во второто полувреме стигна до
триумф од 2-1 над ВБА и зголемување на шансите за опстанок, иако практично
имаат невозможна мисија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×