73
Коне во својата кариера играше за клубови како ПСВ, Севиља, Леванте, Хановер, Евертон… а сега реши наместо да се пензионира да продолжи да настапува во аматерски клуб.
Тој ќе игра за ВК Верде, тоа е клуб од истоименото село во Белгија кое има 3.000 жители. Според медиумите од оваа земја, клубот има амбиција брзо да се качува по белгиските лиги, во моментов е во деветтата.
38-годишниот Коне минатиот четврток го дал првиот гол за новиот клуб, погодил на пријателски меч против КФЦ Епегем.
Последен клуб на Коне пред да се пресели во Белгија беше Сиваспор.