Eдерсон ја шокираше јавноста: Осум години бранам во исти боксерки (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Бразилскиот голман од редовите на Манчестер сити, Едерсон откри дека е суеверен и си има одредени работи до кои се придружува.

Но, најголемо внимание на оваа тема привлече неговиот коментар за боксерките кои ги носи во натпреварот.

„Имам едно суеверие. Осум години веќе носам исти боксерици на натпреварите“, одговори Едерсон на прашањето од новинарот.

Во тој момент новинарот му реплицираше дека тогаш тие веројатно не се во добра состојба, на што Едерсон се насмевна и призна дека не се.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани