Еден од најтрофејните шпански фудбалери во историјата објави крај на кариерата

by Стефан
1 минути читање

Еден од најуспешните шпански фудбалери во поновата историја, Педро Родригез, официјално стави крај на професионалната кариера. По повеќе од една и пол деценија на највисоко ниво, Шпанецот реши дека е време да се повлече.

Педро зад себе остава импресивна кариера во која освои дури 24 клупски трофеи. Со репрезентацијата на Шпанија го освои Светското првенство во 2010 година, а две години подоцна се закити и со титулата европски шампион.

Најголемиот дел од своите успеси ги оствари во дресот на Барселона. Со каталонскиот гигант трипати ја освојуваше Лигата на шампионите и петпати беше шампион на Шпанија. Покрај тоа, освои три Купа на кралот, четири Суперкупа на Шпанија, три Суперкупа на УЕФА и две Светски клупски првенства.

По заминувањето од Барселона, Педро играше и за Челси, со кој стигна до титулата во Премиер-лигата и трофејот во Лига Европа. Во продолжението на кариерата ги носеше и дресовите на Рома и Лацио.

Во професионалната кариера Педро одигра 841 натпревар и постигна повеќе од 200 голови. За шпанската репрезентација запиша 65 настапи и 17 погодоци.

„Чувствувам дека дојде време за следниот чекор и за ново поглавје во мојот живот. Заминувам горд што го живеев својот сон и благодарен на сите кои беа покрај мене. Ти благодарам, фудбалу, што ме направи толку среќен“, порача Педро преку социјалните мрежи.

Шпанецот посебно го одбележа периодот во Барселона под водство на Пеп Гвардиола, кога каталонскиот тим доминираше во европскиот и светскиот фудбал.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×