Жереми Монга е најновото засилување на Манчестер Сити. Станува збор за крилен фудбалер кој пристигнува од Лестер, а трансферот изнесува 10 милиони фунти.
Монга е еден од најперспективните играчи од својата генерација, а со Манчестер Сити потпиша петгодишен договор.
Тој стана најмладиот фудбалер во историјата на Лестер кога Руд ван Нистелрој го внесе во игра на само 15 години во поразот од Њукасл со 3:0. Во моментов има само 17 години, а веќе има 37 официјални настапи за Лестер.
Сепак, ќе почека за настапи во првиот тим на Манчестер Сити. Најпрво ќе се развива преку академијата и ќе се обиде да се пробие до сениорскиот состав, а не е исклучена ниту опцијата да биде испратен на позајмица до крајот на сезоната.