Еден од најдобрите голгетери во Европа денеска се збогува со навивачите!

by Стефан
1 минути читање

Фантастичниот шведски голгетер Виктор Ѓокереш денеска ќе го запише својот последен настап во дресот на Спортинг Лисабон и ќе стави крај на одличната сезона со португалскиот клуб.

Според реномираниот фудбалски новинар Фабрицио Романо, 26-годишниот напаѓач денеска ќе се збогува со навивачите и ќе ја отвори новата страница во својата кариера.

Интересот за Ѓокереш е огромен, а веќе неколку европски фудбалски гиганти, меѓу кои Челси, Арсенал и Манчестер јунајтед, се подготвени да ја активираат откупната клаузула вредна 65 милиони евра.

Ѓокереш одигра блескава сезона и настапи на 51 натпревар во сите конкуренции, при што постигна неверојатни 53 голови и 13 асистенции, со што стана еден од најбараните напаѓачи во Европа.

Фото: Sporting CP/FB

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани