Еден од најдобрите фудбалери во Серија А може да заврши кај Пеп, Манчестер сити ќе понуди 65 милиони евра!

by Стефан
1 минути читање

По послабата сезона за амбициите на Манчестер сити во која го освоија само Комјунити шилд, раководството на „граѓаните“ веќе активно работи на летниот трансфер период со цел да го засилат составот.

Според најавите првото засилување може да биде холандскиот репрезентативец, Тијани Рејндерс од редовите на Милан.

Рејндерс сезонава имаше блескава форма во дресот на Милан, а и покрај тоа што „росонерите“ завршија на осмата позиција, токму тој беше издвоен како најдобар фудбалер од средниот ред во италијанското првенство. Таквата форма не остана незабележана кај англискиот гигант, кој според британските медиуми е во напредни разговори за негов ангажман.

Манчестер сити, наводно, е подготвен да плати околу 65 милиони евра за да ги осигура услугите на 25-годишниот плејмејкер, кој со својата разновидност и офанзивна интуиција се вклопува во визијата на Пеп Гвардиола.

Кариерата Холанѓанецот ја започна во редовите на Зволе, а потоа преку АЗ Алкмар и кратка епизода во Валвајк стигна до Милан, кој го доведе во 2023 година за 20,5 милиони евра. Неговиот договор со италијанскиот клуб важи до 2030 година, а според „Трансфермаркт“ неговата пазарна вредност изнесува 50 милиони евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани