Еден од босанските репрезентативци по поразот од САД ќе се теши со трансфер во Јувентус

by bojan
1 минути читање

Медиумите од Италија пренесуваат дека дефанзивецот Тарик Мухаремовиќ е многу блиску до трансфер во Јувентус во зделка вредна околу 15 милиони евра, плус додатни 3 милиони евра во бонуси.

Босанците утрово го завршија настапот на Светското првенство, загубија со 2-0 во пресметката против САД во 1/16 – финалето.

Како што пренесуваат медиумите од Италија, дефанзивецот Тарик Мухаремовиќ по поразот ќе се теши со трансфер во Јувентус.

Новинарот Николо Скира објави дека Тарик Мухаремовиќ е многу блиску до враќање во Торино во зделка вредна околу 15 милиони евра, плус додатни 3 милиони евра во бонуси.

Сасуоло бараше околу 30 милиони евра за продажба на дефанзивецот (Интер пројавуваше интерес), но со оглед на тоа дека на Јувентус му следуваа 50% од секоја зделка, „старата дама“ доби голем попуст.

ФОТО: X/NFS BIH

Можно е и ова да ти се допаѓа

×