Еден меч суспензија за Ибрахимовиќ?

by
1 минути читање

„Тутоспорт“
пишува дека напаѓачот на Милан, Златан Ибрахимовиќ би можел да добие еден меч
суспензија по црвениот картон кој го заработи на мечот против Парма во саботата
каде „Росонерите“ славеа со 3-1.

Ветеранот имаше
одлична асистенција во голот на Ребиќ на таа пресметка, а беше исклучен од игра
во 60 минута откако доби директен црвен картон од судијата Мареска.

Пиоли ги откри последните зборови на Ибрахимовиќ кон судијата пред да биде исклучен

Најпрво во
Италија наведуваа дека се работи за недоразбирање во случајот со 39 годишниот
напаѓач, откако наводно Мареска погрешно ги разбрал неговите зборови кон него,
па претпоставил дека станува збор за навреда.

Како и да е „Тутоспорт“
пишува дека Ибрахимовиќ би можел да добие еден меч суспензија, а единствено
таквото сценарио би било сопрено доколку на крајот од старна на спортскиот суд
би било пресудено дека станува збор за грешка на судијата.

Очекувањата се
Ибрахимовиќ да упати жалба на овој случај, а самиот Ибрахимовиќ верува дека
станува збор за недоразбирање во таа ситуација.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×