24фудбал

Пиоли ги откри последните зборови на Ибрахимовиќ кон судијата пред да биде исклучен

Повеќе од веројатно е дека има нешто многу повеќе од тоа што го откри Пиоли по самиот натпревар, а очигледно е дека се работи за „недозволени“ коментари од страна на Ибрахимовиќ.

Италија

Милан дојде до посакуваната победа кај Парма каде славеше со 1-3, иако постоеше доза неизвесност на мечот, особено откако фаворитот остана со играч помалку во 60 минута по исклучувањето на Ибрахимовиќ.

Повеќе од извесно е дека шведскиот ветеран нешто му коментирал на главниот арбитар на средбата Мареска, по што овој без двоумење му покажа директен црвен картон (ВИДЕО-ТУКА), а ситуацијата по мечот за момент ја објасни шефот на стручниот штаб Стефано Пиоли.

Златан ми рече дека разговарал нешто со судијата, меѓутоа не покажал непочитување кон него на ниту еден начин, ниту пак го навредил, не сум разговарал со Мареска за ова, така навистина не знам што се случило“ подвлече Пиоли.

Единственото што го знам во однос на тоа што е разговарано помеѓу нив, е тоа што ми го кажа Златан, дека неговите последни зборови од нивната конверзација биле: ‘Значи ти не си заинтересиран да слушнеш што имам да кажам?, не бев таму, навистина немам детали, најважното е тоа што успеавме да дојдеме до победата“ додаде предводникот на „Росонерите“.

Кога сме веќе кај Ибрахимовиќ, да наведеме дека техничкиот директор на „Росонерите“, Паоло Малдини денеска во изјава за „Скај Спорт“ откри дека во прашање се одредени детали за Швеѓанецот да ја продолжи соработката со клубот.