Еден лајк – илјада зборови: Роналдо покажа што мисли за ФИФА и Аргентина

by 24 фудбал
0 минути читање

Кристијано Роналдо повторно привлече внимание по завршувањето на Светското првенство, откако лајкна објава во која се тврди дека Аргентина имала помош од ФИФА на патот до финалето.

Португалецот реагираше на видео од шпанската новинарка Пилар Родригез Лосантос, која жестоко ја обвини ФИФА дека ја фаворизирала Аргентина и Лионел Меси.

Аргентина требаше да биде елиминирана уште пред најмалку пет натпревари. Тие останаа на турнирот само благодарение на ФИФА, која е една од најкорумпираните институции на планетата“, вели Лосантос.

Лајкот на Роналдо многумина го протолкуваа како негова поддршка на ваквите обвинувања, што повторно предизвика бројни реакции на социјалните мрежи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×