Реал Мадрид ќе остане без ангажман на Родри, фудбалерот од средниот ред реши да ја прифати понудата на Барселона, а за ваквиот расплет вина има и Едуардо Камавинга.
По одличниот настап на Светското првенство, каде Родри беше еден од клучните играч на Шпанија до мундијалското злато, почна силно да се пишува за негов трансфер во Реал Мадрид.
Но зделката почна да тапка во последните денови, па Барселона го искористи ова за да го украде Шпанецот од лутиот ривал.
Тренерот Ханси Флик лично му се јавил на Родри за да му го објасни проектот, на фудбалерот му се допаднало тоа што го слушнал, и дал зелено светло за преселба на Камп Ноу.
За ваквиот расплет на настаните вина и еден играч на Реал Мадрид – Едуардо Камавинга.
Франузинот требал да биде продаден за да се отвори место за трансферот на Родри, но тој никако не прифаќал да го напушти „Бернабеу“.
Токму ова ги забавило преговорите и отворило врата за Барселона да тргне по потписот на Родри.