Еден фудбалер на Арсенал не се појавил на првиот тренинг по освоената титула

by Стефан
1 минути читање

Фудбалерите на Арсенал денеска се вратија на тренинзите и ги започнаа подготовките за последниот натпревар од сезоната во Премиер лигата, која веќе влезе во историјата за клубот.

Сепак, еден играч го пропушти тренингот, 16-годишниот Макс Дауман, кој мораше да се посвети на училишните обврски и полагањето испити.

Само неколку дена по моментот кога го сруши рекордот на Фил Фоден и стана најмладиот фудбалер со освоена титула во Премиер лигата, младиот талент на Арсенал се врати на реалноста надвор од фудбалот.

Додека неговите соиграчи го одработувале првиот тренинг како шампиони на Англија, Дауман го поминал денот во училиште, каде што ги полагал завршните испити.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×