„Супер Марио“ се
препороди по преселбата во Марсеј, ги тресе противничките мрежи и се забавува
со луди прослави. Против Сент Етјен зеде мобилен, направи селфи и славјето со
соиграчите веднаш го објави на Инстаграм.
Потоа против Ница
седна крај гол-аут линијата и почна да игра лист, камен, ножички со својот
соиграч Товен.
Денеска на
програмата беше големото „класико“ во Франција, Марсеј гостуваше кај ПСЖ и
Марио Балотели планирал на Паркот на Принцовите да изрежира прослава за
паметење.
Според новинарот на
Канал+, Оливие Таларон, во случај на гол во Париз, Марио Балотели планиран да
покаже маичка со ликот на Маркус Рашрод под неговиот дрес.
Контроверзниот
Италијанец, и покрај тоа што играше за Манчестер Сити а не за Манчестер
јунајтед, сакал да ги поздрави „парижаните“ за начинот на кој беа елиминирани
од Лигата на шампионите, кога Рашфорд во последните мигови погоди од пенал за големо
славје на „ѓаволите“.