Џони Еванс ќе добие едногодишен договор, Мегваер ќе биде дури шести избор на Тен Хаг

by
1 минути читање

На почетокот од летото, на големо изненадување, Џони Еванс потпиша за Манчестер јунајтед. Се работеше за краткорочен договор со цел дефанзивецот да може да пополни место на подготовките.

Но Ерик Тен Хаг бил импресиониран од она што го видел од искусниот дефанзивец, изразил желба да го задржи и денешното издание на Телеграф пренесува дека Џони Еванс ќе добие договор до крајот на сезоната.

Со ваков потег дополнително ќе се намали минутажата на Хари Мегваер кој ќе биде шести избор за централниот дел на одбраната зад Варан, Мартинез, Линделоф, Шо и Еванс.

„Ѓаволите“ се обидоа да го продадат Англичанецот, со Вест Хем договорија трансфер вреден 30 милиони фунти, но проблем беше компензацијата наменета за Хари Мегваер.

Манчестер јунајтед му понуди 6 милиони фунти на дефанзивецот за го напушти Олд Трафорд, тој пак побара 12 милиони фунти, и откако двете страни влегоа во ќор сокак, на Вест Хем му здодеа да чека и се повлече од зделката.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани