Ѕола: Абрамовиќ сакаше да го купи Каљари за да ме врати во Челси!

by
3 минути читање

Џанфранко Ѕола важи за еден од главните фудбалери во историјата на Челси, тој од Стемфорд Бриџ си замина во 2003 година и потпиша за Каљари, тоа се случи токму тогаш кога Роман Абрамович го купуваше англискиот клуб од тогашниот прв човек, Кен Бејтс.

„Добив повик од Кен Бејтс, кој во тоа време се уште беше сопственик. Тој знаеше дека јас сум во преговори со Каљари за враќање на Сардинија. Тој рече ‘Џанфранко, се надевам дека се уште не си потпишал. Чекај, бидејќи некој доаѓа, не можам да ти го дадам неговото име сега, но тој ќе те предомисли’“, открива Ѕола.

„Му реков на Бејтс дека ми е жал, но јас веќе го дадов мојот збор. Следниот ден дознав дека тоа е Абрамович кој го купува клубот“.

Потоа Абрамович му се јавил на претседателот на Каљари, Масимо Челино за да го врбува да му го даде Ѕола, но одговорот бил не, па Русинот прашал колку чини да го купи целиот клуб.

„Челино ми рече дека тоа се случило“, потврди Ѕола.

„Знам дека Абрамович кога го купил клубот, тој мислел дека јас се уште сум играч на Челси, па се обиде да ме врати. Тој не знаел дека јас веќе имав донесено одлука и имав дадено збор“.

Ѕола во Челси помина седум години, од 1996 до 2003 година, во тој период со сините стана победник во Купот на победниците на Куповите, а потоа го освои и УЕФА Суперкупот, двапати триумфираше во ФА Купот, еднаш во Лига Купот и крена еден трофеј од Комјунити шилд.

@2024 – Сите права задржани