Џоб Белингем направи рекорден трансфер во Дортмунд, но сонува за настап покрај својот брат Џуд во Реал

by bojan
1 минути читање

Борусија Дортмунд попладнево официјално го потврди трансферот на Џоб Белингем, 19 годишното момче е рекордна продажба на Сандерленд во зделка вредна околу 32 милион фунти (околу 38 милиони евра).

Џоб Белингем е нов фудбалер на Борусија Дортмунд, попладнево стави потпис на петгодишен договор и го одбра дресот со број 77.

„Милионерите“ по секоја цена сака да го реализираат трансферот на време за Светското клупско првенство, па откако им беше одбиена првата понуда вредна 16,8 милиони фунти (околу 20 милиони евра) се вратија со значително подобрен предлог.

На крајот Сандерленд прифати рекордна продажба од 32 милиони фунти сосе бонуси (околу 38 милиони евра).

„Задоволство е да се биде фудбалер на Борусија Дортмунд и да се борам за титули со овој голем клуб“ – рече 19 годишното момче.

„Сакам да дадам свој допринос за овие прекрасни навивачи да се радуваат на успех, и секој ден ќе го давам максимумот за да се оствари ова“.

Останува да се види како ќе се снајде Џоб Белингем во Борусија Дортмунд, одредени медиуми уште сега пишуваат дека Англичанецот сонува за настап покрај својот брат Џуд во Реал.

Џуд Белингем како тинејџер исто така се пресели во Борусија Дортмунд, каде блесна на фудбалската сцена и се пресели во Мадрид во зделка вредна преку 110 милиони евра.

ФОТО: X/Borussia Dortmund

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани