Џо Харт призна
дека немал претстава кој е Давид Силва кога Шпанецот се пресели во редовите на
Манчестер Сити во 2010. година, откако направи трансфер од Валенсија за 30
милиони евра, тој го опиша својот екс соиграч како мал, а воедно и спор.
Поранешниот
голман на „Гордиот Албион“ и покрај тоа што Силва беше движечка карика за
Шпанија во нивната прва светска титула само неколку месеци пред трансферот на
Островот, вели дека немал претстава ниту на која позиција играл тогаш.
„Кога тој
пристигна во тимот, јас немав претстава за кого станува збор, чини 30 милиони
евра, а беше мал, спор, работеше единствено со левата нога и не си ја знаеше
дури ниту позицијата на теренот“ изјави Харт за Силва кој освои 13 трофеи во
сите конкуренции во дресот на „Граѓаните“.
„Сепак, изгледаше
како прекрасна особа, не говореше многу добро англиски, меѓутоа неговата
конзистентност и квалитет дојдоа до израз со текот на времето, беше фантастичен
фудбалер за секоја позиција, нема ништо негативно во него, може да асистира, да
погоди, да забележи фантастични перформанси“ додаде Англичанецот.