Џим Ратклиф купи 25% од акциите на Манчестер јунајтед, и како дел од зделката, ќе добие целосна контрола врз фудбалските операции.
Како што пренесува Ивнинг Стандард, едно од првите засилувања под палката на најбогатиот Британец ќе биде Мајкл Олисе од Кристал Палас, кој важи за еден од најперспективните играчи во Премиерлигата.
22 годишниот офанзивен фудбалер неодамна стави потпис на нов договор, но има откупна клаузула која ќе се активира летоска.
Во моментов не е позната точната сума, но е повисока од претходната, која изнесуваше 35 милиони фунти.
Претходно се пишуваше дека Ливерпул го има Мајкл Олисе во својот бележник, скаути на „црвените“ редовно ги следат неговите партии и го студираат како потенцијален наследник на Мохамед Салах.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.