178
28-годишниот Лингард веќе подолго време се мачи со формата, далеку е од стартниот тим на Манчестер јунајтед, па ќе се обиде кариерата да ја освежи во Вест Хем.
„Вест Хем со задоволство може да потврди дека потпиша со Џеси Лингард позајмица до крајот на сезоната“, стои во соопшението на чеканите.
„Возбуден сум, ова е ново поглавје во мојта кариера. Дојдов тука да работам напорно и да му помогнам на тимот со моето искуство. Тоа е мојата цел. Сакам само да уживам во мојот фудбал и повторно да играм“, вели Лингард.