Џеси Лингард доби плата која не се одбива и направи неочекуван избор

by
1 минути читање

Џеси Лингард доби
неолку понуди откако му заврши договорот со Манчестер јунајтед, Вест Хем и
Њукасл се посочуваа како најсериозни опции, но вечерва пристигна информација
дека Англичанецот решил кариерата да ја продолжи во Нотингем Форест.

Новајлијата во Премиерлигата
успеа да стигне до потписот на Џеси Лингард откако на маса стави богат договор.

Како што
пренесуваат медиумите од Англија, се работи за неделна плата од околу 200.000
фунти, или нешто над 10 милиони фунти по сезона.

Само за споредба,
ниту еден фудбалер во Серија А нема вакви примања, ниту повратниците Ромелу
Лукаку и Пол Погба.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани