Џерард за трансферот на Кутињо: Кога децата имаат соништа…

by
1 минути читање

Стивен Џерард,
фудбалерот кој остави длабока трага во Ливерпул, го коментираше заминувањето на
Кутињо од „Енфилд“ и преселбата во Барселона за фантастични 160 милиони евра.

Не сум воопшто
изненаден од развојот и исходот на настаните. Знам дека Ливерпул направи се
што можеше како клуб за да го задржи, работеше на тој
случај доста напорно во текот на целото лето
“ рече Џерард кој притоа му посака
среќа на Кутињо во неговиот нов клуб.

Но, кога децата имаат
соништа, Јужноамериканец, кој сака да игра за Барселона и мисли дека тоа е
единствената шанса која би ја добил, во тој случај, тоа е многу тешко да го
промените
“ додаде легендата на Ливерпул кој истакна и дека нема сомнение во тоа
дека Кутињо ќе му недостасува на клубот, за кого вели дека бил одличен фудбалер
но исто така и прекрасна личност.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани