Стивен Џерард
минатиот месец доби понуда да замине на печелба во Саудиска Арабија, но
Англичанецот го одби предлогот и порача дека во моментов не е заинтересиран за
ваква авантура.
Сепак, луѓето од Ал
Етифак не се откажаа, продолжија да го убедуваат па легендата на „црвените“ се сложил
да седне на тренерското столче на клубот од Дамам и соработката официјално беше
потврдена попладнево.
Наводно Стивен
Џерард се пишманил откако му биле ветени квалитетни засилувања со кои ќе може
да атакува на титулата.
Во Ал Етифак игра
и нашиот Дарко Велковски, кој сега ќе има прилика да соработува со славниот англиски
фудбалер.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.