Џенова му врачи отказ на Маран, Пандев ќе добие нов тренер

by
0 минути читање

Џенова е на претпоследното место, а по поразот од 2-0 од Беневенто раководството на клубот се реши за тренерска смена.

„Џенова сака да соопшти дека Роландо Маран повеќе не е тренер на тимот. Му благодариме на тренерот и неговиот стручен штаб за посветеноста“, стои во соопштението на клубот.

„Скај Спорт Италија“ тврди дека Давиде Балардини ќе биде наследникот на Маран. 

Балардини досега трипати бил тренер на Џенова, последниот пат во сезоната 2017-2018.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×