Џенова ја победи Монца и ја остави на дното на табелата (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Екипата на Џенова славеше победа од 2:0 против Монца во последниот натпревар од 22. коло во Серија А.

Како што стојат работите Монца е најсериозниот кандидат за преселба во Серија Б следната сезона бидејќи тимот е последен со само 13 бода од 22 натпревари, додека Верона која е прва во безбедната зона е на 20.

Џенова во денешниот натпрвеар двата гола ги постигна во второто полувреме преку Де Винтер и Васкез. Претходно во првиот дел Пинамоти не реализираше најстрога казна.

На табелата Џенова со овие три бода дојде до 26 на 12-тото место.

Претходно денеска играа и екипите на Венеција и Верона, а овој дуел заврши без победник 1:1.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани