Горан Пандев и Џенова со победа во последното коло изборија опстанок во Серија А. Македонскиот фудбалер беше стартер на мечот и свој допринос даде со една одлична асистенција.
Џенова поведе уште во 13. минута кога по асистенција на Лерагер, Санабрија погоди со глава за водство од 1-0.
Во 25. минута Пандев убаво го проигра Санабрија кој со својот втор гол донесе предност за Џенова од 2-0.
Конечниот резултат го постави Ромеро пред крајот на првото полувреме поставувајќи ги конечните 3-0.
Во 61. минута Џенова остана со играч помалку откако Ромеро доби втор жолт картон, но и покрај тоа успеа да ја сочува мрежата и на крајот да слави опстанок.
Последниот патник во Серија Б е Лече на кој денеска покрај победа над Парма му требаше и Џенова да не триумфира, но тие не успеаа да си ја завршат ни својата работа, загубија дома со 4-3 од Парма.
Удинезе со 1-0 славеше на гостувањето кај Сасуоло, Несторовски ги одигра последните десетина минути. Болоња и Торино одиграа нерешено 1-1.