Џенаро Гатузо повеќе не е тренер на Хајдук. Сплитскиот клуб официјално соопшти дека 47-годишниот Италијанец си заминува од клупата и нема да го води тимот во новата сезона. Според сите достапни информации, негов наследник треба да биде досегашниот стратег на Истра 1961 – Гонзало Гарсија.
Гатузо пристигна во Сплит во јуни минатата година како замена за привремениот тренер Јуре Иванковиќ. Водеше 39 натпревари (36 во Првата лига и три во Купот), при што забележа 17 победи, 12 ремија и седум порази во првенството. Во Купот забележа две победи (против Билогора ’91 и Младост Ждралови) и елиминација од Ријека.
Сезоната ја заврши на третото место со 63 бодa, само два помалку од шампионот Ријека и вицешампионот Динамо. Хајдук до последното коло беше во трка за титулата, но и покрај стабилната форма и позиција на врвот во добар дел од сезоната, Гатузо не успеа да ја донесе првата шампионска круна по 20 години.
Сега сè води кон тоа дека кормилото ќе го преземе Гонзало Гарсија, кој остави солиден впечаток во Истра и ќе има задача да го врати Хајдук на шампионски патеки.