Капитенот на фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина, Един Џеко, во моментов е со националниот тим на подготовки за натпреварите против Сан Марино и Словенија, но паралелно со тоа се решава и неговата клупска иднина.
Како што пренесува порталот „Klix.ba“, Џеко е многу блиску до враќање во Италија, земја каде што ги мина некои од најуспешните години во кариерата настапувајќи за Рома и Интер.
Најголем интерес за неговиот потпис, според истите извори, покажал Комо, кој во моментов е главен фаворит за доведување на 38-годишниот напаѓач. За Џеко наводно се интересирале и Фиорентина и Милан, но Комо е тој што доставил најконкретна понуда.
Комо минатата сезона избори промоција во Серија А, а сезонава заврши на 10. позиција на табелата. Под водство на Цеск Фабрегас, тимот играше атрактивен и ефикасен фудбал, а очигледно амбициите на клубот се сериозни и во наредната целат кон пласман во европските купови.
Да потсетиме, Џеко неодамна официјално се раздели со турскиот гигант Фенербахче, каде што настапуваше две сезони по заминувањето од Интер