Искусниот босанскохерцеговски напаѓач Един Џеко е пред заминување од Фенербахче и активно бара нов клуб, а на хоризонтот повторно се појавуваат интересни опции.
Минатото лето, Џеко беше високо на листата на желби на Хајдук од Сплит, заедно со Иван Ракитиќ. Хрватскиот плејмејкер пристигна во клубот, но Џеко тогаш одлучи да остане во Истанбул. Сега, кога неговата епизода во турската Суперлига завршува, шпекулациите за можен трансфер повторно се активираат.
Според информациите на италијанскиот новинар Орацио Акомандо од „ДАЗН“, Џеко повторно е во контакт со сплитскиот клуб. Во трката се појавува и втор сериозен кандидат, италијанскиот Комо, кој предводен од Сеск Фабрегас се обидува да изгради амбициозен проект во Серија А.
И покрај годините, Џеко сезонава играше во одлична форма запиша 21 гол и осум асистенции на дури 53 настапи за Фенербахче.
Фото: Fenerbahce/X