Џеко повеќе не е капитен на Рома

by
1 минути читање

Новиот генерален
менаџер на италијанскиот прволигаш Рома, Тијаго Пинто потврди дека остварил
средба со искусниот напаѓач и довчерашен капитен на „Римската волчица“, Един
Џеко, а наведе дека Босанецот нема да продолжи со капитентската лента на себе
во периодот кој претстои.

Џеко имаше големи
несогласувања со својот тренер Пауло Фонсека и тренираше одвоено од останатите,
а се веруваше дека беше близу до преселба во Интер, поточно во договорот за
трампа со Алексис Санчез.

Не сакам да
барам рута за да избегам од сево ова, важно е сите да разбереме дека одвнатре
во клубот е мошне динамично, слично на динамиката како во едно семејство, а
семејствата стануваат посилни кога ги решаваат проблемите
“ изјави Пинто.

Един е
исклучително квалитетен фудбалер, голем професионалец со големо искуство зад
себе, личност со голем карактер, а Фонсека е лидер во нашиот проект, тој досега
има успеси во тоа што е зацртано за цел во клубот, тој е вистинската личност во
градењето на иднината на клубот
“ посочи тој.

Верувам дека
клубот мора да биде базиран на правила, во моментов Џеко не е капитен, но ќе
работиме за доброто на клубот, а секако Џеко ќе биде првиот што ќе работи на
истото
“ заклучи Силва, притоа не откривајќи кој ќе биде следниот капитен,
бидејќи, како што и самиот додаде, тоа е одлука на тренерот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×